14 Sept 2013

Ајдучка трева - Аchillea millefolium


Ајдучка трева   
Ајдучка трева

Ајдучка трева (lat. Achillea millefolium) уште позната и како столисник (равнец) е една од најпознатите лековити билки затоа и најчесто се користи во народната медицина како лек, како внатрешно така и надводрешно.
Латинскиот назив на оваа билка значи Ахилова трева со илјада листови и доаѓа од преданијата дека митскиот јунак Ахил со оваа билка ги лечел раните.
Ајдучката трева е исправена билка со висина до 80 cm. Стеблото на ајдучката трева има светло-зелена или црвено-кафена боја. Има мноштво на тенки листови. Целата билка има многу пријатен мирис. Ситните цветови се собрани во еден цвет кој се наоѓа на врвот на стеблото. Има горчлив вкус кој доаѓа од горчливата материја ахилеин, a се употребуваaт надземниот дел, листот и цветот. Стебленцето на билката нема лековити својства. Ајдучката трева расте секаде, покрај патиштата и во полјаните со континентална клима. Таа има бели, жолти и розеви цветови кои цветаат од јуни до август. Ајдучката трева се бере за време на цветањето, а листовите се берат до есен. Најдобра е за собирање во суво и сончево време.

Ајдучката трева содржи: железо, калиум, натриум, фосфор, сумпор, танини, етерично масло, тујон, смола, сол, мравја и валеријанова киселина, провитамин А, витамин К

Achillea millefolium

Ајдучката трева ги стимулира дигестивните органи на лачење на сокови и го подобрува апетитот и работата на жолчката и панкреасот. Билката благопријатно дејствува на воспаление на слузокожата на желудникот и цревата и дванаесетпалачното црево, како и при колити и други цревни заболувања.
Исто така ајдучката трева може да се користи и при главоболки, мигрена, несвестици, гадење, повраќање, при болки во очите и крвавење на нос, за циркулација на крвта, делува поволно на коскената срж за создавање на црвени крвни зрнца.







Во последно време се почесто можете да го сретнете овој рецепт за...

Сок од ајдучка трева

Состојки
  • 30 цветови бела или жолта ајдучка трева (свежа или сушена)
  • 10 литри вода
  • 800 гр. шеќер
  • 2 пакетчиња лимонтус
  • 4 лимони (исецкани на ситни парчиња)

  • Подготовка: Сите состојки ставете ги во еден сад , затворете го и оставете ги да отстојат 24 часа на собна температура. Откако ќе отстојат, исцедете ги лимоните и тревата и воедно прецедете го сокот во шишиња, но не ги затварајте сосема. Вака припреман сокот можете да го оставите да отстои уште неколку денови. Потоа можете да го консумирате ладен со неколку коцки мраз.


    No comments:

    Post a Comment