27 Sept 2013

Отровни билки и растенија #1



Природата е моќна, во позитивна и негативна смисла. Билките и растенијата колку што ќе ви помогнат толку можат и да ви одмогнат. На многу портали и блогови (како и на овој) можат да се најдат секакви рецепти за билки, но пред да ги примените најдобро е да се консултирате со вашиот лекар кој добро ја познава вашата историја на болести и да побарате подобри информации за рецептот на различни јазици за да на правите споредба за истиот. Скоро секоја билка колку и да е лековита препорачано е да се консумира во одредени граници, долку се употребува премногу често може повеќе да им наштети на вашите органи отколку да им помогне. 

Адам
На многумина им е познато дека цвеќето Адам (Alocasia odora) уште познато и како големото слоново уво коe повеќето го имате во вашите домови испушта течност од листовите. Таа течност е отровна! Повеќето цвеќиња се отровни и затоа служат за декорација во собата или дворот, не и за консумирање. Но во овој случај самото растение ја исфрла течноста така што доколку некој дојде во контакт со таа течност може да има последици по здравјето, несакани реакции вклучувајќи алергии, осип, повраќање, пролив, болки во стомакот, па дури и фатално труење. Од друга страна пак во Азија одредени видови од овој род на растение го користат во медицинските третмани, а други пак ги консумираат. Но затоа пак поради зголемен број на случаеви со труење Министерството за здравство, труд и социјала во Јапонија предупредило да не се јаде.

Не копирај
Хортензија
Хортензија (Hydrangea) народски кажано - бугарче. Ова убаво цветно растеније се почесто може да се види кај нас. Се карактеризира со големи цвеќиња во живи бои: бела, розова, црвена, сина, розова, бежова боја и темно виолетова. Хортензија е рангирана на третото место на листата на најмногу отровни растенија, но не секој вид од ова цвеќе. Може да предизвика труење со осип и чешање на кожата , гноеви, гадење , потење . Ако не се реагира навремено за да се земе противотров, труењето може да доведе до кома и откажувања кардиоваскуларниот систем. Отровни делови: лисја, цвеќиња, коренот.

Олеандерот
Олеандерот, рицинусот и филадендрон се опасни по живот. Овие билки се многу отровни, па џвакањето на нивните делови може да има фатални последици, дури и во мали количини. 
Олеандерот (Nerium oleander) содржи токсини кои предизвикуваат промени во срцевиот ритам и циркулацијата на крвта. Секој дел од растението е токсичен. Голтањето на само еден лист може да биде смртоносно! Дури и случајно дишење во чад , од олинадер кој гори, може да предизвика големи здравствени проблеми. Отровот влијае на срцето и може да предизвика срцев удар. И мала количина на горчливиот млечн сок кој содржи отровен гликозид предизвикува повраќање. Кога го режете, пресадувате и сл. задолжително користете ракавици.

Рицинус
Рицинусот (Ricinus communis) го содржи отровниот алкалоид рицин, од кој отровни се листовите, а особено семето. Симптоми на ова труење се: повраќање, интензивни стомачни болки, силно чувство на жед и халуцинации. Семето и растението е многу шарено и интересно за децата, и тоа е крајно опасно, затоа што содржи голем летален токсин рицин, што е седум пати повеќе токсични од отровот на некои змии.
Во аптеките се наоѓа рицинусовото масло кое се добива со ладно цедење на зрелото и излупено семе од рицинус Тоа ја омекнува, хидратира и негува сувата кожа. Се нанесува во тенок слој директно на чиста кожа, со блага масажа. За мека и сјајна коса: се нанесува на косата и се остава да стои 1 час, а потоа се мие со благ шампон. Според квалитетот, маслото е погодно и за орална употреба.
Доколку се проголтаат можат да бидат многу опасни и нарцисот, бршленот,  ѓурѓовденче и др. Овие билки кога ќе се внесат во организмот предизвикуваат стомачно – цревни пречки проследени со силна болка, пролив, вртоглавица, тешка главоболка, зуење во ушите, потење, пречки во работењето на срцето, оштетен вид, проширени зеници и промени во функциите на нервниот систем.

Да не се задржувам само на украсните , да споменам и некои други растенија на кои треба да се обрне внимание како на пример компирот (Solanum tuberosum) многу добро познат во секојдневната употреба. Постојат повеќе од 1000 видови на компир. Не зрели плодови компир содржи многу токсичен соланин кој може да доведе до труење. 
Добро познато е дека некои печурки се јадат повеќе пати додека некои само еднаш :) Иако речиси секој сака да јаде печурки, многу е тешко во природата да се разликуваат отровните од неотровните печурки, така што најдобро би било истите да си ги купувате од продавница. Но повеќе за нив поопширно во некој друг текст.
Тоа што повеќе не интересира се шумските билки. Алое е познат по своите лековити својства, но во големи количини е исклучително отровен како што веќе напоменав во претходно.

Козлец
Козлец (Arum maculatum) народски познато како змијско грозје во свежа состојба е отровен, а може да биде и смртоноснен. За лек се користи коренот кој е овален или цилиндричен. При варење или сушење на билката и се губи или намалува отровноста, но смрди.
Надворешно, змиското грозје може да се користи за реума, гихт, кожни болести или хемороиди. Листовите на козлецот се слични со оние на киселецот. Листовите на козлецот, кои што се појавуваат во рана пролет, додека се уште се мали можат да ги измамат само неискусните собирачи на треви, бидејќи, иако според контурите се слични на киселецот, тие имаат сосема друга боја и конзистенција. Во случај на сомневање на оваа разлика, не треба да се испробува вкусот на листовите, бидејќи отровните листови на козлецот предизвикуваат силно печење, потекувања и воспаление на слузницата на устата.

Мразовец
Мразовец (Colchicum autumnale) е лековита билка слична на качунка што цвета на есен, во време на цветењето нема развиени листови. Уште многу одамна се користел за медицински цели. Но при користење мора многу да се внимава бидејќи целото растение е отровно отровно, особено семето и луковиците (компирчето). Кај нас често може да се види по ливадите. Отровни супстанции се алкалоидите: колхицин и колхицеин. Животните може да бидат отруени од лисја, цвеќиња и семиња. Труења биле забележани во пролет и рано лето на коњи, говеда и свињи, и ретко кај овците. Помалку често доведува до труење во есен. Опасно е и за луѓето и може да доведе до смрт. Знаци на труење обично се појавуваат по 2-6 часа, но најмногу до 2 дена: губење на апетит, повраќање, и помалку потешкотии при голтање, дијареа. 



Продолжува.....

No comments:

Post a Comment