27 Sept 2013

Отровни билки и растенија #1



Природата е моќна, во позитивна и негативна смисла. Билките и растенијата колку што ќе ви помогнат толку можат и да ви одмогнат. На многу портали и блогови (како и на овој) можат да се најдат секакви рецепти за билки, но пред да ги примените најдобро е да се консултирате со вашиот лекар кој добро ја познава вашата историја на болести и да побарате подобри информации за рецептот на различни јазици за да на правите споредба за истиот. Скоро секоја билка колку и да е лековита препорачано е да се консумира во одредени граници, долку се употребува премногу често може повеќе да им наштети на вашите органи отколку да им помогне. 

20 Sept 2013

Алое Вера - Aloe Barbadensis Müler


Алое
Алое (lat. Aloe Barbadensis Müler) или т.н. билка на бесмртноста најчесто успева во најтоплиот тропски појас, но го има и кај нас кое се одгледува во домашни услови. Тоа е зелјесто растение и целосно развиено во просек е високо 75-120 сантиметри и има 12-15 листови, широки 10-13 сантиметри, дебелина 2-3 милиметри. Листовите се распоредени во форма на розета. Младите листови растат внатре високо, надворешните претставуваат стари листови. Еден лист тежи 1,5-2 килограми. Корењата на алое вера се релативно кратки и лежат само на земјата. Тоа е и причината што алое вера има потреба од многу вода. Но природата тука се обезбедила со многу големи резерви на вода и храна во форма на внатрешен безбоен гел кој содржи многу лековити својства.

16 Sept 2013

Липа - Tilia


Tilia
Липа (lat. Tilia) е големо дрво чие стебло достигнува височина до 25-30 метри, а возраст и до неколку стотици години. Постојат околу 30 врсти на липа. Во нашиот регион растат бела или сребрена липа (Tilia tomentosa), големолисна липа (Tilia grandifolia) и ситнолисна липа (Tilia parvifolia). Распространета е низ цела Европа, а расте по ридските листопадни шуми, а и се одгледува како украсно дрво во парковите и дрворедите. Бара земјиште заштитено од ветер со многу влага или малку дожд за време на цветањето . Липата започнува да цвета кон крајот на првата недела од мај и трае до почетокот на јули . Пријатниот мирис кој го шират овие прекрасни дрва е вистински дар од природата, за многумина голем проблем кога се во прашање алергиските реакции. Први цветаат хибриди на комплексни Tilia intermedia, а во почетокот на јули цвета јапонската црна липа (Tilia japonica). Толку долг период на цветање нема ниту еден род од шумските дрва, што е од големо значење, со оглед на тоа дека цветот на сите врсти на липа е медоносен. Има и неверојатна лековита моќ и наоѓа голема примена во лечењето по природен пат.

15 Sept 2013

Рецепт за долг живот

Три состојки кои обезбедуваат здравје, убавина и долг живот!


Состојки за здрав живот

14 Sept 2013

Ајдучка трева - Аchillea millefolium


Ајдучка трева   
Ајдучка трева

Ајдучка трева (lat. Achillea millefolium) уште позната и како столисник (равнец) е една од најпознатите лековити билки затоа и најчесто се користи во народната медицина како лек, како внатрешно така и надводрешно.
Латинскиот назив на оваа билка значи Ахилова трева со илјада листови и доаѓа од преданијата дека митскиот јунак Ахил со оваа билка ги лечел раните.
Ајдучката трева е исправена билка со висина до 80 cm. Стеблото на ајдучката трева има светло-зелена или црвено-кафена боја. Има мноштво на тенки листови. Целата билка има многу пријатен мирис. Ситните цветови се собрани во еден цвет кој се наоѓа на врвот на стеблото. Има горчлив вкус кој доаѓа од горчливата материја ахилеин, a се употребуваaт надземниот дел, листот и цветот. Стебленцето на билката нема лековити својства. Ајдучката трева расте секаде, покрај патиштата и во полјаните со континентална клима. Таа има бели, жолти и розеви цветови кои цветаат од јуни до август. Ајдучката трева се бере за време на цветањето, а листовите се берат до есен. Најдобра е за собирање во суво и сончево време.

Инфо

Блог со рецепти од лековити билки и растенија за различни болести. Доколку има некој кој продава билки или пак може да посочи локација на која можат одредени билки да се најдат низ Македонија е добредојден да сподели информации.